Еден тинејџер бил приведен во сибирскиот град Краснојарск во Русија за подготвување вооружен напад врз училиште, соопшти руската Федералната служба за безбедност (ФСБ), пренесува „Спутник“.
„ФСБ уапси жител на Краснојарск, роден во 2006 година, кој подготвувал вооружен напад врз училиште. Запленети се скратена ловџиска двоцевка, импровизирани експлозивни направи, средства за комуникација и лични дневници што содржат информации за планираното дело,” се вели во соопштението на ФСБ.
По анализата на оружјето, муницијата и на другите предмети и документи, ФСБ ќе донесе одлука за понатамошната процедура.
Обвинителството ќе покрене кривични предмети за терористички скт, нелегално купување, пренесување, продажба, складирање, транспорт или носење оружје, нивни главни делови и муниција и за обид за убиство на полицаец, се додава во известувањето.
Претходно во април, ФСБ осуети терористички напади на јавни места на територијата на Ставропол и во автономната област Канти-Манси (КМАО).
Еден од криминалците бил приведен во градот Нефтекумск, вториот бил убиен откако пружил вооружен отпор, но немало жртви меѓу цивилите и полицијата. Полицајците пронашле и заплениле импровизирани експлозивни направи, компоненти за производство на импровизирани експлозивни направи, оружје и муниција.