На германската Влада не и е познато дека Кина забошотувала какви било податоци во врска со епидемијата на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство.
Според „Рајнише Пост”, Министерството посочи деказа дефиниција и броење на потврдените инфкеции потребен е лабораториски наод и оти во Кина, во еден период, само таквите случаи со соодветни клинички симптоми и радиолошки неод се водени како потврдени случаи.
„Имајќи ја предвид тогашната ситуација, прилагодување на дефиницијата за време на епидемија е разбирливо”, велат од Министерството, одговарајќи на пратеничко прашање.
На почетокот на епидемијата, Кина користеше помалку детална дефиниција за потврдени случаи на коронавирус, а откако се смени дефиницијата дојде до големо зголемување на бројот на потврдени инфекции во таа земја.
САД и некои други земји ја обвинуваат Кина дека на почетокот на годината се обидувала да ја прикрие вистинската состојба со ширењето на инфекцијата .