Директорот на ИЈЗ Зибери предвиде дека може да имаме над 100 случаи со „Ковид 19″

Дека „резултатот” на Италија и на Шпанија не е само привремено отстапување, може да се види ако на низата се додаде и статистиката од следните две недели во тие земји. Македонија денеска ја заврши седмата недела од првиот позитивен пациент, па не може да се продолжи со споредбата.

Причината што земјава имаше повеќе регистрирани случаи во првите пет недели од Италија и од Шпанија, домашните власти ја објаснуваа со раното преземање на рестриктивни мерки. Македонија ги затвори училиштата точно две недели по откривањето на првиот пациент, додека Италија за истата мерка чекаше пет, а Шпанија речиси шест недели.

Точно е дека еден ден имавме над 70 случаи и цела недела беше линеарен број случаи со „Ковид19″ и ова го кажав порано во овој тренд што го предвидовме и верувам дека ќе ја одржиме оваа линија што зборува дека под високо се наоѓаме во нашите предвидувања, Мислам дека е рано сега да се предвиди тој број затоа што со оглед на бројот на тестови во земјава ние сме ограничени во колку луѓе на ден можеме да тестираме вклучувајќи ги и другите институции кои прават тестови мислам дека не е така како што е сега да речеме дека не можеме да го достигнеме тоа ниво затоа што од информациите што ги имаме од терен, мислам во дека кога реков дека можеме да имаме и над 100 пациенти на ден, тимови од ИЈЗ се вклучени на терен и имаме реална слика “, изјави меѓу другото директорот Зибери.

Бројот на новозаболени како репер за последиците од коронавирусот во една земја, сепак, има еден голем недостаток. Тоа е бројот на тестови. Односно, при помал број тестови очекувано е да има помал број регистрирани случаи и обратно. Земјава можеби тестира повеќе од своите соседи, но споредено со Италија и Шпанија тоа е далеку помалку.

Треба да знаете
Последни објави