Новиот државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија, Франц Брезник, поднесе оставка, откако полицијата го фати дека вози службен автомобил побрзо од дозволеното и под дејство на алкохол.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, настанот се случил на 2 април, а полицајците измериле дека тој во крвта има 0.44 промили алкохол што е два пати над максимално дозволеното ниво.
Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс изјави дека ќе ја прифати оставката на Брезник.
– Сакам да се расчистат сите дилеми дали полицијата реагирала правилно. Јас лично верувам дека во овој случај се запазени сите стандарди. Очекуваме оваа пракса која ја воспоставивме да важи и за сите во идина, изјави Хојс.
Инаку, повлекувањето на Брезник е прв случај на оставка на функционер именуван од новата Влада на Јанез Јанша. а