Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната од 18 до 24 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 22 степени.
До недела времето ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура. Во понеделник кон крајот на денот ќе има локален дожд и услови за појава на грмежи. Значителна промена на времето се очекува во вторник, која ќе биде проследена со заладување, повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.