Заев: Седењето дома во изолација не поврза уште повеќе како семејство

За лидерот на СДСМ Зорн Заев седењето дома е благодет. За 24 инфо вели дека е среќен што е дома заедно со семејството во изолација по цели денови. За Велигден е повторно дома, со децата сопругата и родителите, а по празниците се надева дека ќе им се врати на секојдневните обврски.

– Согласно ресшението на Државниот санитарен и здравствен инспекторат јас и моето семејство сме дома во изолација. Ке бидеме дома заклучно со завршување на Велигденските празници. Работам од дома колку е тоа можно. Но среќен сум што сум со семејството заедно во изолација по цели денови- вели Заев. Од оваа дистанца сега за него седењето дома и не било така лошо.

-Секако има и една голема придобивка од ова седењето дома. Убеден сум дека ја зајакнав семејната поврзаност со моите деца и меѓу целото семејство. Обично немаме време едни за други, секогаш некаде брзавме, а семејството е една од најважните работи за секој човек, според мене- вели првиот човек на СДСМ.

За Велигден вели дека ќе биде дома со сопругата, децата и неговите родители.

-И за претстојните празници ќе смислиме креативни домашни активности за да ни биде уште позанимливо. За мене и споругата е благодет што сме со децата,  а децата кои ми се тинејџери . Верувам дека имаат доволно содржини да издржат во изолацијата но и да го надоградат својот позитивен однос кон семејните вредности- вели Заев.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави