Новите газди на Њукасл ќе го доведат Алегри и ќе направат „дрим тим“

Трофејниот италијански фудбалски стратег Масимилијано Алегри кој моментално е без ангажманоткако се раздели со Јувентус, е во плановите на идните газди на англискиот премиерлигаш Њукасл.

Компанија од Саудиска Арабија наскоро треба да го преземе клубот. За да го доведат Алегри на „Сент Џејмс парк“ во текот на летото нема да жалат пари.

Принцот Мохамед бин Салман кој ќе биде „газдата“ на клубот според медиумите е подготвен да му стави на располагање на Алегри и 400 милиони евра за да направаи „дрим тим“ како би конкурирале во наредните сезони за освојување на шампионската титула во Англија.

 

Треба да знаете
Последни објави