Студијата од Њујоршкиот универзитет тврди дека дебелината е ризик број еден за да настанат компликации и хоспитализација поради коронавирус кај луѓе над 65 години, пренесува „Дејли мејл“.
Населението над 65 години се карактеризира како ризична група за заболување од коронавирус.
Постарите и дебели луѓе имаат поголеми шанси да бидат хоспитализирани поради компликации предизвикани од коронавирус, па дури и повеќе отколку пациенти со карцином или проблеми со белите дробови, предупредуваат истражувачите.
Универзитетот во Њујорк истражувал над 8000 пациенти и открил дека луѓето над 65 години со БМИ (индекс на телесна маса) над 30 се изложени на најголем ризик од смрт.
Истражувачите откриле дека дури 46% од сите пациентите хоспитализирани со коронавирус биле на возраст над 65 години.
Научниците истакнаа дека возраста е дефинитивно најголемиот фактор на ризик за хоспитализација, а здравствената состојба која најчесто се поврзува со сериозноста на болеста е дебелината.
Посебна студија покажа дека пациентите на возраст под 60 години имаат двојно поголема веројатност да имаат потреба од болничка нега или вештачка вентилација доколку се дебели.