Пандемијата на коронавирусот го принуди гувернерот на американската сојузна држава Џорџија, Брајан Кемп, да го измени законот од 1951 година, што се однесува на Кју Клукс Кланот, чии членови ширум светот под препознативи маски покрај другото ги линчувале ослободените робови.
Кемп потшиша наредба која на жителите им дозволува да носат капи и маски и се останато што ќе ги заштити од коронавирусот, иако тоа ќе го скрие нивниот идентитет, и не мора да се грижат дека ќе бидат кривично гонети според законот воведен поради злоделата на ККК.
Џорџија е 11-та сојузна држава според бројот на умрени од Ковид-19, односно во неа досега умреле 570 лица , а вкупно се заразени 15.260.