Северина Којиќ синоќа била уапсена за прекршување на полицискиот час во Белград. Српските медиуми објавија дека таа и сопругот Игор Којич се расправале, по што таа излегла на улица за време на полицискиот час. По шокот и излегувањето од полициската станица Северина објасни се.
„По наредба на судија, ќе ми се суди по скратена постапка, а за овој прекршок предвидена е парична казна од 50.000 до 150.000 динари. Ако го повторам ова дело, казната ми е затвор. Ова нема да ми се повтори“, изјави пејачката.
Северина Којиќ синоќа околу 21 часот била затечена во близина на трговскиот центар „Оков“ во Белград. Само ден претходно таа им порача на своите фанови да седат дома.
.