Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус како „алармантно и трагично” го оцени постојаното зголемување на бројот на смртни случаи од коронавирус низ светот.
-Во текот на последната недела бројот на смртни случаи се зголеми за над 40. 000, надминувајќи 123.000, изјави тој на дипломатскиот брифинг во Женева, цитиран од агенциите.
Генералниот директор потсети дека според СЗО во светот има околу два милиона потврдени случаи на коронавирус. Тоа, заедно со зголемувањето на смртността „е алармантен и трагичен раст”, изјави Гебрејесус.