Спасовски за ТВ 21: Доколку знаевме дека градоначалникот и други лица од Кризниот штаб на Куманово чекаат резултати за коронавирусот, состанокот ќе го одржевме онлајн

„ Доколку знаевме дека градоначалникот на Куманово и други членови на Кризниот штаб на Куманово имаат направено тестирање на коронавирусот и чекаат резултати, сигурно дека немаше да се оствари таа работна посета, туку ќе направевме онлајн комуникација. Никој од нас, ниту од мојот кабинет, ниту пак кој било од министрите не беше известен за тоа“, изјави премиерот Оливер Спасовски во вечерашната емисија „Кликплус“ на тв 21. Тој појасни дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе ја разгледа оваа ситуација, по што се ќе биде појасно. Сепак нагласи дека сите оние кои имаат сомнеж дека се можни носители на коронавирусот треба да се самоизолираат и да избегнуваат контакти со други луѓе.

„Денеска разговаравме со епидемиолозите, очекувам утре да ми биде доставена изјавата дека ќе бидам во изолација, односно решението дека треба да бидам во изолација. Ова е момент во кој мора да ги штитиме сите, и домашните, изолиран сум за да не создавам ризик.Тестирањето за тоа дали сум носител на вирусот треба да се направи неколку дена после контактот, поради што најверојатно ќе бидам тестиран во вторник“, изјави Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави