Американскиот портал „Фокс њуз“ објави дека вирусот потекнува од лабораторија во Вухан не како биолошко оружје, туку како дел од обидот на Кина да покаже дека нивните напори да ги идентификуваат вирусите и да се борат против нив се исто толку големи како и американските способности, пренесува „Ројтерс“.
На прашањето на новинарите за гласините, Трамп рече дека слушнал за нив и дека неговата администрација „темелно ја испитува ситуацијата“.
На прашањето дали тој разговарал за тоа со кинескиот претседател Кси Џинпинг, Трамп рече дека не сака да коментира за што разговарал со него за лабораторијата, бидејќи тоа е „несоодветно“ во моментот.
Во интервју за телевизијата „Фокс њуз“, државниот секретар Мајк Помпео рече дека знаел дека вирусот потекнува од Вухан и дека Институтот за вирусологија се наоѓа на само неколку километри од пазарот, каде што за прв пат се појави вирусот.
„Ние сакаме кинеската влада да се отвори и да ни помогне објаснувајќи како точно се шири вирусот. Кинеската влада треба да го разјасни тоа“, рече Помпео.