Тринаесет медицински лица од три различни одделенија во битолската болница одат во домашна изолација

Тринаесет лица од медицинскиот пероснал од три различни одделенија во битолската болница одат во домашна изолација и под здравстевен надзор,  откако е утврдено дека имале контакт со пациент заразен со КОВИД -19, објави Телма.

Болниот, инаку со психијатриска дијагноза, на 10 април  бил примен на психијариското одделение, а претходно бил прегледан на Ургентно. Потоа бил препратен на интерното одделение. Иако на почетокот немало сомнеж дека е заразен и немал температура при приемот, подoцна по покачување на телесната темератури се водел како сомнителен слуачај. Од болницата тврдат дека сепак со пациентото на сите одделенија се постпувало по протоколите.

За случајот имаше жестоки реакции на социјалните мрежи од некои лекари во битолската болница, кои што реагираа дека резултатот се чекаше 4 дена, период во кој персоналот бил изложен на ризик,  а друга лекарка апелираше да се обезбеди заштитна опрема за медицинскиот персонал. Менаџментото пак ја повика полицијата и обвинителството да го испитаат слуачјот за ширење паника и лажни вести.

 

Треба да знаете
Последни објави