Дополнителениот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски реагира на дејствувањето на Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ.
„Продолжува поткупот на СДСМ. Љупчо Николовски, наместо да помогне со преземање на реални мерки за помош кон граѓаните и стопанството дели пакети, и врши поткуп.
Љупчо, ако сакаш да им помогнеш на луѓето, кажи му на Оливер нека го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за субвенционирање на платите во висина од 50%, кажи му да ги исплати субвенциите за земјоделците, нека се заангажура да најде откуп за родот на земјоделците. Не глумете лажни хуманитарци, луѓето бараат од вас да им помогнете со работи за кои сте платени, а не да делите пакети. Најдете пласман за зелката во Струмица, тие луѓе тогаш нема да им требаат пакети, најдете пласман за јагнето кое остана непродадено, па така сточарите сами ќе си купат што им треба, дајте им на стопанствениците помош да исплатат плати на работниците тие ќе се снабдат самите со намирници, но наместо на малите бизниси давате на олигарсите со кои делите и кои ја ограбија државата во 90 тите.
https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/1514561375368172?__xts__%5B0%5D=68.ARC6s0Z1C8Nn_Jeeex_sOE8nNlaMhUX2NDl_PlC-WjUMx44vgBD5miycHNuQcJEv9GofPiYmC1mjqLuIMQ6T09kn4sX7JAKUEbvEd5-jzLsxIvfBmUP27wN3kilx4cgVPb_DCVKFNqbaI6bnZdQSf1KDf-YCdUJ0thZB2p_TaIe5uMNUjTLB3EOXzZn-X6672aJ6JABIhRaubAxkxg_PUbbWAAdyqL2O3Ha8cthOAsE9JephGZfxGwpGU5rfZKtLXxxt6_k4XQI9YjF-K-cEhz9Gqt_Bk4xsV7Hlhz2-Jb6ktIR2WGQf5ZItflzDbLczIANd9T1Bg-hn0UpvmO1ycA&__tn__=-R
Се е исто, истиот модел од 90 тите. Тогаш страдаше мојата генерација, а сега страдаат нечии други деца. Доста со патетични акции. Фатете се за работа. Три години не направивте ништо, да работевте и да работите немаше да има потреба на некој да му се дели хуманитарна помош, но ти и твојот шеф земавте од тие луѓе и им го наполнивте џебот на олигарсите. Срамота!Прочитани сте!