Лекарите се надеваат дека лекот против маларија би можел да помогне во борбата против коронавирусот. Во Бразил меѓутоа починаа единаесет пациенти лекувани со хлорокин поради што тестирањето е запрено.
Додека и понатаму се работи на пронаоѓање вакцина, научниците ширум светот се надеваат дека некој од постоечките лекови може да делува против симптомите предизвикани од коронавирусот. Последните недели голема надеж беше лекот хлорокин кој со децении се користи во сузбивањето на маларија.
Во лабораториските студии од Франција и од Кина, за волја на вистината, спроведени на мал број испитаници, утврдено е дека хлорокинот може да спречи размножување на коронавирусот и да ја намали неговата концентрација кај луѓе со тешки симптоми на болеста. Иако постоеа сомневања, а и можните несакани ефекти не се до крај испитани, на многу места во светот започнаа клинички студии со овој лек…
Преземено од dw.com