Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека државата во борбата против новиот коронавирус покажала дека е подготвена да реагира навремено, компетентно и ефикасно.
– Најсоодветен опис на она што го поминавме изминатиот месец е одговорноста. Тоа е државна, професионална и општествена одговорност. Државата покажа дека е во состојба да одговори на ваквите предизвици навремено, компетентно и ефикасно, изјави Ѓукановиќ во емисија на ТВЦГ.
Според него, Црна Гора овој период покажала дека е многу поразвиена и пофункционална отколку што досега била претставена.
– Пандемијата покажа дека црногорскиот здравствен систем, но и системот во целина, е подготвен да се справи со пандемијата на коронавирусот, рече Ѓукановиќ и додаде дека добро и ефикасно се надминати проблемите со набавка на опрема, притоа заблагодарувајќи се и на донаторите.
Ѓукановиќ истакна дека Црна Гора имала најмала стапка на смртност во регионот и притоа изрази надеж дека така и ќе остане.
Тој потсети дека државата му овозможила на секој кој сака да се врати дома.
– И во оваа ситуација се покажа дека животот е пред сите други теми и вредности, истакна црногорскиот претседател.