Јапонскиот пратеник Такаши Такај (50) е избркан од неговата Уставно демократска партија откако во јавноста се дознало за неговата посета на клуб за возрасни во Токио.
Тој признал дека на 9 април го посетил „Секси кабаре“ клубот и покрај тоа што јапонската престолнина е во вонредна состојба поради пандемијата на коронавирусот. Покрај ова Такај понудил оставка од пратеничката позиција, но колегите од партијата немале разбрање, па оставката ја одбиле и директно го исклучиле од партијата, јавуваат светските медиуми.
Генералниот секретар на партијата рече дека Такаши се извинил за неговото несовесно однесување.
Инаку, повеќе префектури во Јапонија се во вонредна состојба, а премиерот Шинзо Абе ги повика луѓето да останат дома и да се воздржат од посета на ноќни клубови и барови за да спречат ширење на пандемијата.
Во Јапонија според последните податоци досега се потврдени 8.582 случаи на коронавирус, со 136 смртни случаи и 901 опоравени.