Познатиот актер Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон се потсетија на нивниот син Џет, кој ќе го прославеше својот 28. роденден оваа недела.
Шеесет и шестгодишниот актер објави црно-бела фотографија со својот син.
https://www.instagram.com/p/B-8epmcpDFL/
„Среќен роденден! Те сакаме“, напиша актерот во објавата.
Џет починал во 2009 година на семејно патување кон Бахамите, откако паднал во када и ја удрил главата од работ. Траволта неодамна изјави во едно интервју дека смртта на неговиот син е најлошото нешто што му се случило во неговиот живот.
https://www.instagram.com/p/B-8grGtHH8D/
Тој многупати има кажано дека Џет бил аутистичен и имал напади уште од рана возраст.
Ќерката на Траволта, Ела Блу, која исто така, се сети на нејзиниот брат, објави семејна фотографија и напиша дека многу го сака. Траволта и Престон имаат и деветгодишен син, Бенџамин.