Скопјанец на 75-годишна возразст заврши во болница со тешки повреди по сообраќајна незгода.
Според информациите од полицијата, до несреќата дошло вчера на улицата „Методија Митевски“ во Скопје, кога патничко воизло, управувано од А.А.(58) удрило во пешакот И.А.(75) од Скопје.
По незгодата, пешакот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Полицијата извршила увид на местото на незгодата.