Мјанмар прогласи масовна амнестија за околу 25.000 затвореници, не се кажува дали е заради коронавирусот

Мјанмар соопшти дека ослободи речиси 25.000 затвореници во согласност со одлуката за амнестија на претседателот на земјата, наводно во рамките на традиционалната прослава на Нова Година.

Во соопштението на претседателот Вин Манти, не се наведува дали амнестијата има врска со апелите за ослободување на затвореници заради ризикот од епидемијата на коронавирус во затворите, пренесоа американските медиуми.

Масовните амнестии во текот на празниците не се невообичаени во оваа земја, иако бројот на амнестирани  оваа година е најголем во поновата историја на земјата.

По објавувањето на одлуката на претседателот Вин Манти, пред затворите набрзо се собраа пријатели и родниини на затворениците.

Треба да знаете
Последни објави