– Во Франција во изминатите 24 часа се регистрирани нои 761 смртни случаи од Ковид -19, со што бројот на жртви од почетокот на епидемијата достигна 18.681, јави дописникот на МИА.
До вечерва на болничко лекување се наоѓаат 31.190 лица, од кои 6.027 се на интензивна нега.
Според Жером Саломон, генерален директор за здравство, и покрај намалувањето на хоспитализираните пациенти и тие примени на интензивна нега, во Франција се уште циркулацијата на вирусот е на високо ниво.