Скопје, 17.4.2020 г –Тиго Фајнанс ги информира своите клиенти дека недела, 19-ти април 2020 година е последниот рок до кога клиентите треба да се произнесат доколку сакаат да ја одбијат понудата за промена на договорните услови за кредитни производи.
Имено, врз основа на Уредбата со законска сила за примена на Законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба, финансиското друштво Тиго Фајнанс на 9-ти април 2020 година, ја објави Јавната понуда за промена на договорните услови за кредитни производи на компанијата, која важи за сите клиенти на Тиго Фајнанс кои се корисници на кредити по договорите за кредити кои се склучени и исплатени заклучно со 31 март 2020 година.
Официјалната понуда е објавена на веб страницата на Тиго Фајнанс на следниот линк https://www.tigo.mk/info/javna-ponuda, каде се повикуваат клиентите на нејзино детално разгледување и постапување согласно дадените насоки и евалуација за прифаќање или одбивање согласно нивните можности.
Клиентите кои сакаат да продолжат со редовна динамика на отплата, потребно е да ја одбијат истата, најдоцна до 19-ти април 2020 година, со испраќање на известување преку еден од следните начини:
– Известување по електронски пат на е-маил адресата covid19@tigo.mk или преку своите клиентски профили.
– Писмено известување по пошта или директна достава во архивата на Тиго Фајнанс
– Пополнување на формулар во сите филијали на Тиго Фајнанс
Клиентите кои ја прифаќаат понудатане е потребно да испраќаат известување до Тиго Фајнанс. Со прифаќање на понудата клиентите не се ослободуваат од плаќање на износите на нивните месечни ануитети или дел на нивните кредити, туку добиваат привремено намалени и одложени месечни ануитети. По истекот на рокот, односно после 30-ти јуни, остатокот ќе доспее за наплата.
Согласно понудата, за времетраење на периодот на одложена наплата ќе се пресметува договорна камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит, а наплатата на договорната камата од периодот на одложена наплата ќе започне по ставање на кредитот во редовна отплата. Оттука, Тиго апелира до клиентите кои имаат можност да продолжат со редовната динамика на отплата на своите месечни ануитети, така и да продолжат, за да не се доведат во ситуација да имаат поголеми месечни ануитети во иднина од неопходното.
Повеќе информации и одговори на често поставувани прашања се достапни на следниот линк https://www.tigo.mk/info/javna-ponudaи во контакт центарот на Тиго на телефонскиот број 13 700.