– Дефанзивецот Маркос Рохо изрази желба да не се враќа во Манчестер Јунајтед. Аргентинецот игра на изнајмување во матичниот Естудијантес и сака да остане таму барем до крајот на годината. Рохо се врати во својата земја во јануари годинава.
– Ако е до мене, јас ќе контактирам со раководството на Манчестер Јунајтед и ќе ги замолам да останам тука уште шест месеци. Ќе биде неверојатно болно да напуштам по одигрувањето на толку многу дуели. Јас сум во одлична форма и подготвен сум да играм, рече фудбалерот, цитиран од Goal.com.
Аргентинецот има договор со англискиот клуб до летото 2021 година. Неговиот договор со Естудијантес истекува во јуни годинава. До моментот кога првенството престана во земјата, Рохо имаше само еден натпревар за „црвените ѓаволи”, делумно заради повреда.