Барселона исклучи враќање на Нејмар летово

– Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар, нема да се врати во Барселона за време на летниот преоден рок, објави „Радио Каталонија”.

Шпанскиот гигант ја отфрли можноста за трансфер на Бразилецот во текот на летото поради финансиската криза предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Главна мета за Каталонците останува напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Нејмар се пресели во ПСЖ летото 2017 година од Барселона за 222 милиони евра.

Минатото лето, Бразилецот се обиде да се врати на „Камп Ноу”, но клубовите не успеаја да се договорат за финансиските услови.

Договорот на Нејмар со францускиот шампион е до 30 јуни 2022 година.

Оваа сезона тој му помогна на ПСЖ на 22 натпревари од сите турнири, постигнувајќи 18 голови и асистираше за 10.

Треба да знаете
Последни објави