Белгиските научници ги отфрлија шпекулациите дека Ковид-19 е фабрикуван лабораториски

– Кризниот штаб за коронавирусот на Белгија, составен од врвни епидемиолози и виролози, на денешната редовна прес конференција одговори на шпекулациите што се појавија во некои медиуми дека Ковид-19 е фабрикуван во лабораторија во Кина, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Веста, што се појави во повеќе медиуми во САД, тврди дека вирусот “избегал” од кинеска лабораторија во која се работи со лилјаци.

Според Емануел Андре, белгиски виролог член на кризниот штаб за коронавирусот, ова објаснување не држи.

-Кога сте во комплексни ситуации, разбирливо е да сакате да барате виновници, но во овој случај, знаеме дека овој вирус најверојатно произлегува од природната животна средина. Постојат слични вируси како овој што го гледаме денеска и кои циркулира меѓу лилјаците во Кина, и овие вируси најверојатно случајно се пренеле на човекот преку животно посредник или поради тоа што, во Кина, овие лилјаци се јадат. Немаме никаков аргумент за да тврдиме дека вирусот бил фабрикуван и избегал од лабораторија, изјави Андре.

Според него изучувањето на вирусот овозможило да се открие дека тој има “природна генетска структура”.

-Генетската структура на овој вирус е природна, кога се модифицираат гените на еден вирус, тоа остава траги кои можеме да ги забележиме, а во случајов немаме индикации во таа насока. Најверојатно, како што било случај за други патогени низ историјата, станува збор за случајност на природата каде еден вирус кој циркулира кај животните се пренесува на човекот и развива капацитет за трансмисија од човек на човек, тоа ја предизвика оваа епидемија, рече вирологот.

Треба да знаете
Последни објави