– Тотенхем го контактираше Маурисио Почетино во обид да постигне договор за намалување на компензацијата на стручњакот.
Иако Аргентинецот одамна не е тренер на Спарси, Почетино имаше договор со претседателот на клубот Даниел Леви да му ја исплати платата сè додека не најде нова работа.
Клубот од Западен Лондон сè уште одделува 8,5 милиони фунти од својот специјален буџет за плати, но финансиската криза предизвикана од пандемијата драматично ја менува ситуацијата. Клубовите се присилени да ги минимизираат трошоците, што го принуди Леви да го замоли Почетино да го намали обештетувањето.
Клубот, исто така, ќе се обиде да склучи договор и со штабот на Почетино, кој треба да добие дел од сумата.