Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја посетил црквата Свети Четириесет маченици и покрај препораките од здравствените институции да нема масовни собири пред црквите и верските објекти.
Од јавно објавените фотографии на социјалните мрежи јасно се гледа Мицкоски во дворот на црквата во друштво на уште 4 други лица, што е спротивно на одлуката која е на сила а која забранува групирање на јавни места и јавни површини за повеќе од двајца.
Однесувањето на Мицкоски е спротивно на забраната.
Која е целта на Мицкоски, да охрабрива луѓето да не ги почитуваат препораките?
Дополнително, на фотографиите кои сведочат за денешната посета на Мицкоски, никаде не може да се забележат полициски службеници кои како што беше најавено денеска требаше да бидат присутни пред црквите и манастирите и да го регулираат влегувањето во верските објекти.
Граѓани сведочат дека и пред многу други цркви денеска немало полиција, со што легитимно се поставува прашањето дали министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја сработил својата работа во однос на правилно распоредување на припадници на полицијата пред верските објекти или не.
Извор: Centar.mk