– Во Прилеп се прават последните подготовки за Велигденските празници и за почетокот на празничниот полициски час. Евидентни беа редиците пред маркетите и градскиот пазар, но и пред најпознатата црква во Прилеп „Свето Благовештение”. И покрај апелите, дел граѓани беа пред христијанскито храм. Таму, пред црквата евидентно беше присуството на редарите од локалната смаоуправа и на полицијата за да се одржува редот.
Од прилепчни согласно традициите за велигденската трпеза, се купуваше јагнешкото месо.
Тони Павлоски раководител на месарница и претставник на кланичарите вели дека ги задоволија потребите на граѓаните за јагнешко месо, иако преполовен е пласманот во земјава, а извозот, поради пандемијата, е намален дури за 70 отсто.
-Иако продажбата е намалена, и покрај вонредните услови, сепак се купуваше и се бараше јагнешкото месо. Има муштерии. Ги задоволуваме потребите. Инаку, во земјава, нешто се откупи, но не во таа мера колку што лани се извезе јагнешко месо. Остана годинава јагнето. Нашата кланица во Кавадарци колку што можеше обработи јагниња, но многу послабо. Жива мера се откупуваше од 120 до 130 денари за килограм во зависност од големината на јагнето. Продажбата годинава е намалена за 50 отсто, така е на ниво на држава, а извозот дури и за 70отсто помалку поради пандемијата. Граѓаните сакаат да ја продолжат традицијата за Велигден на трпезата да има јагнешко месо, објаснува Павлески.
Од друга страна, занаетот, се чини полека изумира, нема работна сила за да работи во кланиците. Во земјава се четири кланици.
Прилепчани ги испратија пораките за празниците дома, во кругот на семејството и да се внимава на здравјето, зашто Велогден е празник над празниците и најважна е победата на животот.