– Советот на Амбасадори денеска ја позрави одлуката на Европаската Комисија Република Северна Македонија и другите земји на Западен Балкан да се изземат од експортна авторизација за медицинските материјали и материјалите за лична заштита, што досега беше ограничено со ЕУ Регулативата ( ЕУ 2020/426 од 19 март 2020, амендирајќи ја Регулативата (ЕУ) 2020/402.
-Советот смета дека со оваа Одлука Европската Комисија ја изразувала својата солидарност за заедничките напори со земјите на Западен Балкан во борбата за дефинитивно искоренување на пандемијата на коронавирусот кој претставува најголема глобална закана за здравјето на луѓето на земјината топка за ова столетие, стои во соопштението од Извршниот Одбор на Совет на Амбасадори.
Советот на Амбасадори исто така се заблагодарува на Европската Комисја и за, како што посочуваат, досега доделената помош на ЕУ и нејзините земји членки на Република Северна Македонија за јакнење на медицинскиот сектор и нејзината поефикасна борба против ширењето на коронавирусот.
Воедно, од Амбасадорскиот совет сметаат и дека во рамките на Европскиот заеднички одговор против ширењето на коронавирусот Република Северна Македонија, иако се уште не е земја членка на Унијата и со оглед на нејзината кревка економија, би требало посуштествено да биде вклучена во Инвестициската Иницијатива за одговор на коронавирусот со која се предвидени 37 билиони евра за земјите членки на Унијата наменети за ликвидност на малите бизниси и здравствениот сектор.