Браќа од Македонија, сопственици на ресторан во Италија донирале над илјада бесплатни ручеци по повод католичкиот Велигден, објавија тамошните медиуми.
Ѓуран Селмани, млад и ценет македонски угостител, заедно со неговиот брат Мирсад сакаа на овој начин да ѝ се оддолжат на заедницата на земјата што пред неколку години со голема љубов го пречекаа него и неговото семејство.
Двајцата се сопственици на ресторан пицеријата „Ал Соле“ во гратчето Калдонацо во регионот Тренто во северна Италија. Одлична иницијатива ги привлече жителите на соседните гратчиња Левико, Пергин и други места.
Ѓуран и Мирсад во понеделникот решија да им понудат Велигденски ручек на над илјада луѓе: социјално загрозени лица, лица во карантин, стари лица, оператори на Центарот за лица со инвалидитет, како и на пожарникарите волонтери.
Својата благодарност за двајцата угостители лицата на кои им беше пружна помошта ја искажаа со видео и песна.