Бројот на смртни случаи од коронавирус во Велика Британија е зголемен за 888, и со тоа вкупниот број на починати лица веќе изнесува 15.464, соопшти Министерството за здравство во земјата.
Според најновите податоци, потврдени се повеќе од 5.000 нови случаи на коронавирус, пренесуваат британските медиуми.
Досега се тестирани вкупно 357.023, од кои 114.217 се позитивни.