Во Италија има рекорден број излекувани лица за последните 24 часа

Италија синоќа соопшти дека бројот на жртви од Ковид-19 во рок од 24 часа бил 2.563. Тоа е рекорд од почетокот на пандемијата во земјата во која од вирусот починаа речиси 23.000 луѓе.

– Ова е најголем број оздравени лица откако почна кризата, рече Анџело Борели, шеф на службата за цивилна заштита, додавајќи дека смртните случаи за последниот ден биле 575.

Во Италија имаа 107.000 регистрирани пациенти вчера, што е за 355 повеќе  од претходниот ден. Во некои региони, како Торино, Неапол и Рим, овој број паѓа.

Друг петочен рекорд во Италија е оној со бројот на тестови извршени од здравствените услуги, кои беа над 65.000 за 24 часа. Нешто повеќе од пет проценти од нив беа позитивни.

– Ова е уште еден показател за ефективноста на мерките за изолација преземени за ограничување на заразата, рече Франко Локатели, шеф на Високиот совет за здравство.

Тој на прес-конференција синоќа изјави дека имало 4.068 лица на интензивна нега на 3 април, а последните бројки се за нешто повеќе од 2.800.

Анџело Борели беше задоволен што притисокот врз болниците веќе е олеснет. Тој истакна дека ова дава претстава  за огромната работа направена во болниците и соработката на граѓаните.

Како одговор на променливата состојба, брифинзите за епидемијата веќе нема да бидат секој ден, туку во понеделник и четврток. Резимеата на тековните податоци ќе бидат објавени секој ден на веб-страницата на Службата за цивилна заштита.

Повеќе од 10 проценти од заразените лица со новиот коронавирус во Италија се здравствени работници. Две третини од нив се жени

Треба да знаете
Последни објави