Гувернерот на американската држава Њујорк, Ендрју Куомо изјави синоќа дека му е потребна помош од федералната Влада за да ги прошири тестирањата и да ја отвори економијата на државата. Тој ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека не успеале да му ги обезбеди средствата што му се потребни.
– Дали има средства за мене да го сторам она што сакате ние да го направиме? Не, нема, рече Кумо на прес-конференција за состојбата со коронавирусот. Куомо го изјави ова откако Трамп ги претстави фазите на постепено рестартирање на американската економија погодена од епидемијата и рестриктивните мерки.
Кумо додаде дека по донесените три нацрт-закони за справување со кризата, државните власти не добиле апсолутно никакви средства. Куомо рече дека е соодветно Трамп да посвети исто толку внимание на државите колку што прави на големиот бизнис и на големите авиокомпании.
Според Куомо, на Њујорк, епицентарот на кризата во САД, потребни му се федерални средства за значително да се зајакнат тестирањата и да се пополни буџетот со потребните 10-15 милиони долари.
Гувернерот објави дека вкупно 17.316 лица со Ковид-19 се хоспитализирани во Њујорк, што е помалку од претходниот ден, кога биле 17.735, а најмал број од 15 април.
Случаите за интензивна нега исто така се намалија. Околу 2.000 новозаразени вчера беа примени во болница. Има нови 630 смртни случаи во државата, што претставува зголемување од 606 претходниот ден.