Ссостојбата во ГОБ 8 септември по ковид 19 е тешка, малку хаотична. Се направи комплетна реорганизација на целата болница, на нејзиното функционирање, се затворија многу оддели, комплетно се пренасочи целокупниот медицински персонал во одделни делови на болницата кој се изолирани за лекување на пациентите со КОВИД 19. Се направи прераспеделба на здравствените работници по тимови за работа, како во интерниот дел така и во хируршкиот дел- вели доктор Владимир Ристовски, специјалист интернист, супспецијалист кардиолог за 24 инфо.-Секој ден имаме приеми на пациенти од целата држава кој се докажани и/или високо ризични за КОВИД 19. Станавме единствен центар во целата држава за третирње на пациенти со акуен миокарден инфаркт со позитивен и/или високо ризичен за КОВИД 19. Пациентите се работат во посебна ангиографска сала која што е изолирана со посебен тим на лекари и сестри, а исто така и едниствени во третман на секоја останата ургентна интернистичка или хируршка состојба кај пациенти со позитивни КОВИД 19. Секој ден имаме лекари на повик и сестри за секоја инвазивна интернистична процедура.
Колку пациенти со ковид 19 се сместени во моментов?
-Во моментот имаме 29 докажани и/или високо ризични пациенти за ковид 19 сместени во неколку одделенија. 6 пациенти се на респиратор и се во тешка општа состојба, сместени во шок соба и пациенти со пневмонија со потешка клиничка слика кои што бараат константа кислородна подршка. Сите пациенти се со мешана патологија и со повеке коморбидитети .
Кој се грижи за пациентите и дали има доволно епидемиолози?
Главен товар за грижа на пациентите заразени со КОВИД 19 е на грбот на интернистите и анестезиолозите. За жал имаме еден инфектолог, другите двајца се во изолација и без ниту еден епидемиолог. Секој ден во ротирачки визити од интернисти (пулмолози,кардиолози, гастроентерохепатолози), анестезиолози заедно со еден инфектолог се грижиме за пациентите. Ни недостигаат инфектолизи за жал и тоа многу во моментов , па затоа секој интернист е дупло ангажиран за грижата на пациентот и како “инфектолог”. Се разбира голема багодарност и за медицинските сестри кои ни се најголема потпора во моментот и до останатиот медицински персонал, без нив тешко дека ќе можеме да се справиме со новонастанатата ситуација и притоа да пружима соодветна грижа на пациентите.
Секој ден колегите ги следат препораките за третман на овие пациенти иако се менуваат многу брзо со оглед дека многу малку се уште се знае за вирусот.
Секогаш мегусебно ги споделуваме знаењата, искуствата, новините се за да пружиме макимална здраствена заштиа и лекување на пациентите заразени со КОВИД 19 ,но и на тие што не се позитивни .
–Како се справувате со новонастанатата ситуација, има ли страв кај колегите и кај тебе бидејки има многу медицнски персонал кој е заболен?
Издржуваме и ќе издржиме, напнато е, има мала доза на страв, но тоа што е, даваме максимум што можеме, користиме заштитна опрема кој што многу пати ја нема во доволни колични, имаме недостиг на маски Н 95 ( маски според препораките на СЗО), скафандери и на дезифициенси. Како болница која е преодредена да биде центар за третман на овие пациенти барем тоа би требало да има во доволни количини, но за жал секогаш не е така.
За наша среќа, барем досега немаме заболен медицински работник од КОВИД 19, што значи дека сите се држиме до препораките за заштита на медицинскиот персонал.
Дали се исплашени лугето има ли познати лица заболени, се работи ли повеќе од вообичаено…
Има голема паника меѓу населението, се е сведено на вирусот, сите јавни портали пишуваат за тоа, целокупното внимание на јавноста е насочено кон тоа, дури и децата се премногу запознаени со вирусот, има општа паника кај секој поединец. Треба да се обврне внимание и на останатиот забавно културен дел . Населението предолг период е во изолација, Што ќе се случи после кога ке помине оваа состојба. Дали тогаш психијатрите ќе стапат на сцена????
Доколку сите се придржуваме кон препораките кои ни се дадени од страна на епидемиолозите, а за нас добро познати како што се оддржување на растојание од 2 метра, редовно миење на раце и правилно користење на маски и ракавици, доколку сме патувале или сме биле во контакт со ризични пациенти да се самоизолираме и пријавиме во епидемиолошката служба може да се намали бројот на новозаразени. Се зависи од нашта свест и општествена одговорност. И да напоменам дека ракавиците за една употреба во услови на епидемија ја зголемуваат заштитата на пренесување на болеста од секретите на заболените лица со коишто може во текот на денот да дојдеме во допир , но тоа не го заменува миењето на раце со сапун.
Валентина Ангеловска