Заменик директорот на кумановската болница Илбер Исуфи преку објава на неговиот Фејсбук профил информира дека е позитивен на коронавирусот.
Исуфи во објавата вели дека и тој и неговото семејство се чувствуваат добро.
– По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој беше позитивен, пишува Исуфи.
Тој, воедно, апелира до граѓаните на Куманово и Општина Липково да останат дома, да не се собираат во групи, бидејќи, вели, секој од нас е одговорен за последиците.