Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на прес-конференција соопшти дека денеска ќе бидат исплатени парите за субвенциите за тутунот за 2019 година.
– Денеска исплаќаме над 30 милиони субвенции за 19.050 тутунопроизводителите за реколтата 2019. Сите тутунопроизводители ќе ги добијат субвенциите на своите сметки, но бидејќи се наоѓаме во вонредна состојба во која сите заеднички да придонесеме за заштитата на здравјето, МЗШВ заедно со МФ, одбрана, внатрешни работи и со платежна агенција подготвивме соодветен модел за налинот на исплатата. Со цел да не се создаваат гужви во банките, кога се очекува пикот на коронавирусот во земјата, за оние што немаат платежни картички ќе се одвиваат од 21 апприл заклучно со 24 април петок. За секој ден е направен распоред на исплатата според азбучен ред на презимињата на тутунопроизводители и на правните лица, рече министерот.
Оние тутунопроизводители кои сакаат да подигнат готовина од банкомат ќе можат да го сторат тоа и во понеделник од 16 до 23 часот, за што МВР ќе има список според азбучен ред.
Министерот Димковски потенцира дека секој тутунопроизводител кој ги исполнува условите ќе добие субвенција.
-Ги замолувам тутунопроизводителите да имаат разбирање и да се придржуваат кон начинот на исплатата во оваа вонредна состојба. Тутунот е наша стратешка извозно ориентирана гранка и во изминатите 2,5 години бележи стабилно и одржливо производство, рече Димковски на заедничката прес-конференција со министерката за финансии Нина Ангеловска и со директорот на платежната агенција Николчо Бабовски.
Потсети дека според новиот модел на исплаќање на субвенцијата, за прва класа се исплаќа 80 денари, за втора 70 и за трета и за дополнителните 60 денари.