Ковид-19: Ирска ја израмни кривата на епидемијата

Ирска успеа да ја израмни кривата на случаи на зараза со новиот коронавирус и веќе не очекува нагорна линија на раст на кривата на заразени, изјави шефот на ирските медицински служби Тони Холохан.

– Мислиме дека толку ја израмнивме кривата што нема да има нејзино зголемување, изјави Холохан за државниот канал РТЕ.

Според вчерашните податоци на Министерството за здравство, во Ирска досега има 13.980 потврдени случаи на Ковид-19 и 530 починати од болеста.

Холохан истакна дека населението го почитувало ограничувањето на движење воведено на 28 март и со траење до 5 мај, оценувајќи дека со тоа се спасени стотици животи.

Тој потенцираше дека бројот на новозаразени кои ќе ги зарази секој пациен е сведен на помалку од еден. – Тоа значи дека, во просек, една заразена личност го пренесува вирусот на помалку од едно лице. Ако продолжиме по тој пат, стапката на зараза и натаму ќе опаѓа, додаде тој.

Сепак и натаму постои загриженост поради високата стапка на смртност во пензионерските домови или домовите за нега на стари и изнемоштени лица. Ирскката здравствена служба вчера соопшти дека околу 60 отсто од починатите во земјата живееле во такви домови.

Треба да знаете
Последни објави