Мицкоски:Други држави веќе применија мерки кои ние ги предлагавме, само Македонија финансиски заглавуваа со опасност од долг од 70% од БДП

Владата се справува многу килаво, неуверливо и без поседување на сериозен концепт кој на граѓаните би им дал чувство на сигурност дека може бидат спокојни. Во целокупниот период на криза поради коронавирусот неодлучноста на владата ги чини граѓаните две работи, првата е здравјето, втората е стандардот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, во интервју за порталот “вечер.мк”.

Мицкоски потенцира дека владата од сам старт има целосно погрешен пристап, наместо да се стимулира економијата и потрошувачката, таа го притиска стопанството и се губат приходите на вработените. Тој посочува дека се трошат пари од буџетот за нешто што не создава нови пари, а тоа во економијата е најлошо. Владата нема своја анализа за сопствената состојба во државата и нема свои решенија туку задоцнето копира туѓи и презема мерки и политики без да ги има предвид локалните специфики.

Мицкоски кажа дека работењето на Филипче е пропратено со ноза скандали, на кои ВМРО-ДПМНЕ реагирала, но откако избувнала кризата заради општото добро и здравје на граѓаните сите политички напади се запрени, но тоа не значи дека истиот треба да биде аболициран за се што направи во минатото, какп потсетување го дава примерот дека Филипче имаше намера да го приватизира јавното здравство, со објаснување дека не се исплати во него да се инвестира и ред други примери.

Тој истакна дека реакцијата на власта е бавна и тоа го видовме од случаите со докторката Цаца, случајот во охридската болница, случајот со Куманово итн.

Во однос на финансиската состојба, Мицкоски истакнува дека сите држави имаат пандемија, но никој не плаќа толку висока цена кога станува збор за економијата. Тој посочува дека јавниот долг може да стигне и до 70% од БДП и тоа се е поради неспособноста на власта. Државата има потреба од многу пари, а никој не знае кај завршиле тие досега. СДСМ како што вели тој ветуваше помош за илјадници компании, а од наводната помош добија само 136 фирми.

Затоа е многу важно владата да ги спроведе мерките кои тој ги предложил, а не вака парцијално како што прави до сега. Какп поткрепа на своите тези ги дава примерите на Естонија, Унгарија, Полска, кои веќе примениле дел од мерките во финансискиот сектор на кои ВМРО-ДПМНЕ апелираше, особено на мерката со префрлање на пари од вториот пензиско столб во буџетот, како итна мерка за доаѓање до свежи пари.

Наместо да му помогнат на народот од СДСМ се решија да и помогнат на олигархијата и на неколку тајкунк блиски до нив, заради кои ја покачија акцизата за горивата, со што се покачи цената на горивото на штета на граѓаните, кои годишно ќе губат и по една плата.

На крај од интервјуто Мицкоски го честиста Велигден, Христовото воскресение на сите православни верници. И им посакува сплотеност, верба, надеж и среќа.

 

Треба да знаете
Последни објави