Пијан свекор со нож се заканувал на снаата во Битола

Вчера во 15:55 часот на ул.„Влатко Миленковски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.М.(62) од Битола, по пријава на Б.М.(28) од Битола.

Според пријавата, околу 14:50 часот, додека била со нејзината сестра Е.Р. во семејниот дом на ул.„Влатко Миленковски“, започнале расправија со нејзиниот свекор М.М., кој бил во алкохолизирана состојба, при што тој се однесувал агресивно и со нож ѝ упатил закани по нејзиниот живот.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави