САД загрижени од заканата со кибер напади врз чешкиот здравствен систем

САД се загрижени за заканата од компјутерски напади против здравствениот сектор во Чешка, рече државниот секретар на САД, Мајк Помпео, додавајќи дека секој што е вклучен во таква активност „треба да очекува последици”.

Две болници во Чешката Република објавија вчера за обиди за напади врз нивните компјутерски системи, еден ден откако органите за компјутерската безбедност во земјата објавија за можен бран кибер-напади против клучната инфраструктура.

„Го повикуваме сторителот да се воздржи од субверзивно злонамерна кибердејност против здравствената заштита во Чешката Република или слична инфраструктура на друго место”, рече Помпео во изјавата без да именува никого.

Чешки претставник, кој побара анонимност, рече дека е нејасно кој стои зад обидите за напад, но рече дека тоа е дело на „сериозен и напреден противник”.

– САД имаат нула толеранција за кибернапади што имаат цел да ги поткопаат напорите на САД и нејзините меѓународни партнери за заштита, поддршка и информирање на јавноста за време на оваа глобална пандемија, рече Помпео.

Треба да знаете
Последни објави