Бројот на починати во епидемијата на коронавируспт во САД ќе биде како што се чини меѓу 60 и 65 илјади лица, соопшти синоќа американскиот претседател Доналд Трамп на редовниот брифинг.
Шефот на државата рече дека можно било дури 2,2 милиони луѓе да ги загубат животите од новиот коронавирус.
– Ако не сторевме ништо, минималниот ќе беше 1,6 милиони. Но, ние направивме огромна работа, рече Трамп.
Тој истакна дека овие напори овозможиле да се корегираат проценките за смртност, првично меѓу 100.000 и 220.000, а потоа и на уште пониско ниво.
– Мислам дека ќе бидеме на ниво далеку под 100.000 мртви. Мислам дека веројатно сега се движиме до ниво од 60.000, можеби 65.000 умрени, рече Трамп.
Досега, во САД од Ковид-19 умреа 36.727 лица, според Универзитетот Џонс Хопкинс. Заразени се над 692 илјади