Хонгконшката полиција денеска уапсила неколкумина опозициски активисти заради нивното наводно учество во оддржувањето на нелегалните протести од минатата година, пренесе Блумберг, повикувајќи се на наводи на локјалниот весник „Саут Чајна Морнинг Пост” (South China Morning Post).
Британските медиуми наведуваат дека меѓу апсените се девет поранешни пратеници, вклучувајќи го и како што се верува, основачот на Демократската партија Мартин Лиј (81).
Хонгконшката полиција се уште не ги потврила апсењата, иако локалните медиуми наведуваат дека тие се поврзани со големите и насилни протести на 18 август и 1 октомври минатата година.
Медиумите објавија и снимка од пред куќата на тајкунот Џими Лаи, кој финансиски го поддржува опозициското движење во Хонг Конг. Лаи во февруари беше обвинет за незаконско собирање, а британските медиуми истакнуваат дека засега не се знае дали е тој меѓу лицата кои денеска беа уапсени.
Најновите полициски акции претставуваат досега најголемата пресметка со членовите на опизициското движење, кое Западот го нарекува продемократско, а кинеските власти сепаратристичко, бидејќи се залага за одвојување на градот од Кина.