Четворица загинати во авионска несреќа во Русија – причина грешка на пилотот или технички дефект

Најмалку четири лица загинаа кога помал авион денеска се урнал во текот на тренажен лет, во близина на едно село во Хабаровската покраина, на крајниот исток на Русија, пренесе Тасс.

Од полицикста истрага се дознава дека како можни причини за уривањето на авионот се споменуваат грешка на пилотот или технички дефект на малото летало, наведува агенцијата

Руската агенција претходно јави дека при падот на авионот починале сите три лица во леталото, но сега се додава дека под неговите остатоци е пронајдено и четврто тело.

-Телото на четвртата жртва е пронајдено под остатоците на  авионот.  Во момнентов се работи на утврдување на идентитетот на жртвите, соошти локалната управа

Треба да знаете
Последни објави