Чилиќ: Тенисот е еден од последните спортови што ќе се врати во нормала

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ смета дека неговиот спорт ќе биде еден од последните што ќе се опорави од пандемијата на коронавирус.

Во интервју за американската телевизиска компанија Си-Ен-Ен, тој истакна дека нормализирање на состојбата во тенисот не треба да се очекува до крајот на годината.

-Се сомневам дека големите турнири во САД може да се организираат оваа година”, рече Чилиќ. – Тенисот е еден од најпопуларните спортови во светот. Поврзано е со чести патувања низ целиот свет, со голем број контакти, со масовна гужва на обожаватели. Затоа, тенисот е еден од последните спортови што се врати во нормала, потенцира Чилиќ.

Треба да знаете
Последни објави