ЈП Водовод и канализација – Скопје е прво во регионот кое воведува мобилна апликација

ЈП Водовод и канализација – Скопје е прво јавно претпријатие во регионот кое воведува мобилна апликација достапна за Android и IOS

ЈП Водовод и канализација – Скопје, следејќи го технолошкиот развој овозможува пристап до своите услуги на брз, лесен и едноставен начин, со воведување на мобилна апликација.

ЈП Водовод и канализација – Скопје е првото јавно претпријатијатие во регионот кое ја овозможува оваа услуга за своите корисници. Мобилната апликација е достапна за Android и IOS.

 

Со инсталирање на апликацијата имате можност да се регистрирате како електронски корисник и преку мобилната апликација да пристапите до вашиот кориснички профил, да направите преглед на регистрираните кориснички броеви и доколку имате потреба да додате нов или да ги ажурирате вашите податоци. Со користење на мобилната апликација имате едноставна можност за плаќање на вашите фактури како и за пријава односно ажурирање на состојбата на вашиот водомер, само со внесување на бројот на водомерот и слика од истиот. Со мобилната апликација на ЈП Водовод и канализација – Скопје имате можност брзо, лесно и едноставно да пријавите дефект, но и да се информирате за тековните работи на терен, дефектите, новостите и известувањата дадени од претпријатието. Доколку сакате да нè посетите, искористете ја мапата во прилог на мобилната апликација и направете го тоа без проблем.

Користете го вашето време разумно и превземете ја нашата мобилна апликација. Останете дома и почитувајте ги препораките од надлежните институции за спречување на ширењето на корона вирусот.

Согласно вашите потреби контактирајте нè на: 02/3073010, kontakt@vodovod-skopje.com.mkhttps://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/www.vodovod-skopje.com.mk и пристапете до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација

 

Треба да знаете
Последни објави