Алијанса на Албанците: Владините мерки ги кршат самите функционери, казните ги плаќаат само граѓаните!

Додека Владата цело време апелираше да се подигне свеста на граѓаните за зачувување на јавното здравје, неоправдано е однесувањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој свесно го загрози јавното здравјето со тоа што со неговото присуство овозможи ширење на вирусот – се вели во сооптението од Алијанса на Албанците.

Бидејќи законот важи подеднакво за сите, според член 205 од Кривичниот законик за кривично дело против здравјето на луѓето, мора да се бара кривична одговорност од градоначалникот Максим Димитриевски.

Ваквото однесување, од луѓе кои имаат обврска да ја стабилизираат ситуацијата, во реалност само ја отежнува ситуацијата и ја продолжува вонредната состојба.

Според сите здравствени параметри од досега преземените мерки, веќе би требало да се почне со ублажување на мерките, но за жал сме сведоци на постојан пораст на бројот на инфицирани  лица, што го оневозможува враќањето на состојбата на земјата во нормала.

Алијансата за Албанците бара морална и институционална одговорност од сите тие кои го загрозуваат јавното здравје без разлика. Не смееме да бидеме сведоци на непочитување на мерките токму од луѓе што ги носат тие мерки, додека казните ги плаќаат само граѓаните!

 

Треба да знаете
Последни објави