Раководството на Барселона нема намера да ја активира откупната клаузула на Лаутаро Мартинез, пишува „Мундо Депортиво”. До средината на јули, договорот на Аргентинецот со Интер изнесува 111 милиони евра. 22-годишниот стрелец на „азурите” е приоритет за нападот на Каталонците, но со промените на пазарот, „лос кулес” не планираат да платат таков износ за напаѓачот на италијанскиот тим.
Од „Камп Ноу” размислуваат да вклучат играчи за да ја намалат сумата за трансфер. Антонио Конте бара квалитетни играчи од средниот ред, а Артуро Видал и Карлес Алења се во негов фокус.
Во меѓувреме, друг весник од Барселона, „Спорт”, е доста посмел во своите предвидувања за новата сезона на Барса, истакнувајќи дека Лаутаро, Меси, Нејмар и Луис Суарез можат да играат заедно.