Во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган, едно од чудата во православието што секоја година се случува на Велика сабота пред Воскресението Христово – Велигден.
Церемонијата годинава се одржа без присуство на верници поради пандимијата на коронавирусот.
Вообичаено во Црквата на Светиот гроб и во нејзина близина во Ерусалим на овој ден се собираат илјадници православни верници, кои по слегувањето на Благодатниот оган го преземаат од рацете на ерусалимскиот патријарх и го пренесуваат понатаму.
Поради состојбата со Ковид 19 и ограничувањата за патувања, израелските власти годинава дозволија претавници на православните цркви да го преземат Благодатниот оган од аеродромот во Тел Авив и да го пренесат во своите земји.