Владините мерки се шминка, а не помош, возвраќаат веднаш од опозициската ВМРО ДПМНЕ на прес-конференцијата од Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.
Мерките на СДСМ единствено носат сиромаштија и клуч на повеќето средни претпријатија кои се моторот на економијата.
Граѓаните и бизнис секторот во овие тешки времиња се оставени на милост и немилост од власта.
Република Македонија ја очекува економска апокалипса доколку Владата не ја разбира сериозноста на ситуацијата.
Дупката во буџетот се продлабочува од ден за ден, а причината за ова е неработењето, корумпираноста и несериозноста на владата предводена од СДСМ.